И покрај апелите на полицијата да се избегне било какво собирање, што е спротивно на анти – ковид мерките, за вечерва најавен е нов протест за убиството на 25 – годишниот Клодјан Раша.
Вечерва се чини полицијата ќе биде многу поподготвена.
Пред зградата на Владата покрај полицајци со гас маски стационрани се и водени топови, во случај простестите да ескалираат, како и блиндирани возила.
Зградата на Министерството за внатрешни работи, од каде е најавен почетокот на протестот е „блокирана“ со железни огради. Во меѓувреме, полицијата ги повика медиумите да го напуштат периметарот, кој се смета за опасен доколку ситуацијата ескалира, како што се случи вчера.
За безбедноста се ангажирани 800 полициски службеници, а на готовс ќе бидат припадниците на специјалните полициски единици и Националната гарда.
Според медиумите, полицијата добила јасни директиви да не потпаѓа на провокации, додека граѓаните се повикуваат да избегнуваат какви било собири, затоа што тоа е забрането во ова време на пандемија.
Ова е втор протест за убиството на младиот Раша, кој бил застрелан пред два дена во близина на неговиот дом, малку време по полноќ, кога во Албанија е полциски час, откако не запрел на предупредувањата од полицијата.
Протестите добија подршка од пратеничката Рудна Хајдари, поранешна демократка, како и од вопарламентарната опозиција.