Регион 23. март 2020. / 11:56

Нови инциденти со мигрантите на грчко–турската граница

Нови инциденти со мигрантите на грчко–турската граница

Во текот на вчерашниот ден, од претпладневните па сѐ до вечерните часови, со прекини, имало нови инциденти на грчко–турската граница кај Еврос, објавија локалните медиуми.

Според истите информации, грчките полицајци биле нападнати со солзавец од турска страна и имало нов, неуспешен обид за нелегален влез од Турција во Грција.

Група мигранти нанеле мала штета во еден дел од заштитната ограда, во обид да ја уништат, но биле спречени од грчката полиција.