Регион 24. април 2018. / 12:47

Нови цени, такси и измени: Неколку новини кои треба да ги знаете ако планирате летување во Грција

Нови цени, такси и измени: Неколку новини кои треба да ги знаете ако планирате летување во Грција

Се очекува дека Грција годинава ќе има околу 30 милиони туристи и ќе го сруши минатогодишниот рекорд.

Од први мај започнува туристичката сезона , а од први јануари оваа година Грција воведе такса за престојување смештај која ќе се воведе во повеќе хотели, а ќе се наплатува одделно од цената за сместување. Во одредени сместувања сопствениците овој трошок си го препишаа за себе и нема да се наплатува додатно, пишува Грција инфо.

Домашниот данок се пресметува како фиксен износ дневно и по соба, во зависност од видот на сместување и тоа:

4 евра од соба на ден за хотел со 5 ѕвезди

3 евра од соба на ден за хотел со 4 ѕвезди

1,5 евра од соба на ден за хотел со 3 ѕвезди

0,5 евра од соба на ден за хотели со 1-2 ѕвезди

0,5 евра дневно за приватни соби, студија и апартмани.

Во декември минатата година започна со работа и нова рампа за патарина на преминот Евзони. Патарина за патнички автомобили е 1,80 евра во еден правец, што значи дека вашето заминување и враќање преку Евонија ќе чини 3,60 евра во двете насоки. Новата рампа е околу 500 метри од патот Евзони.

Цените на храната во Грција за 2018 остануваат прилично исти, без знначителни промени, па затоа туристите може да здивнат.