Регион 14. април 2020. / 15:43

Нови 411 заболени од Ковид-19 во Србија

Нови 411 заболени од Ковид-19 во Србија

За 24 часа во Србија биле тестирани 2,440 лица за коронавирус, од кои 411 се позитивни. Починале нови 9 лица, со што вкупниот број на жртви порасна на 94.

Се работи за осум мажи и една жена. Просечната возраст на жртвите е 69 години, изјави Др. Дарија Крстиќ за медиумите.

Според последните информации на респиратори се 131 лице, а хоспитализирани се вкупно 3.006 пациенти.