Регион 13. јануари 2021. / 09:00

Нова странска инвестиција во Србија од автомобилската индустрија

Нова странска инвестиција во Србија од автомобилската индустрија

На почетокот на март германската компанија „Континентал“ ќе отвори нова фабрика за производство на автомобилска електроника во вредност од 140 милиони евра во Нови Сад.

  Компанијата ќе вработи најмалку 500 работници, беше објавено по  средбата меѓу српските власти и првите луѓе на  германската компанија.

 – Проширувањето на деловната активност на компанијата „Континентал“ во нашата земја е потврда за довербата и доброто бизнис опкружување создадено од нашата земја, која, благодарение на своите економски потенцијали и резултати, стана лидер во Југоисточна Европа – изјавија српските власти. 

„Континентал група“ е основана во 1871 година во Германија и е еден од светските лидери во автомобилската индустрија.