На белградскиот аеродром „Никола Тесла“ синоќа пристигнаа нови 100. 000 дози на вакцината против коронавирусот Спутник. Претседателот на Србија Александар Вучиќ го дочека контингентот руски вакцини против коронавирусот.
Вакцините веднаш по пристигнувањето биле транспортирани до Институтот „Торлак“ во Белград од каде потоа ќе бидат дистрибуирани во центрите за вакцинирање низ Србија.