Регион 08. септември 2020. / 21:30

Нова победа на Србија- компанијата Аптив отвара над 2000 работни места

Нова победа на Србија- компанијата Аптив отвара над 2000 работни места

Ирската компанија АПТИВ, која произведува делови за автомобилската индустрија, на крајот на ноември ќе започне со изградба на фабрика во Заечар.

Во фабриката ќе работат 2.100 работници, објавено е денес на веб-страницата на тој град.

Како што е наведено, тоа ќе биде гринфилд инвестиција и ќе има, наместо претходно планираните 20 000 квадратни метри, вкупна површина на производствени сали од 30 000 квадратни метри.

Имено, почетокот на работата на првата фаза (од трите планирани) на фабриката се очекува на крајот на март следната година, додека обуката на првите вработени ќе започне оваа година во фабриката во Нови Сад.

Претходно беше планирано обуката да се одвива во фабрика во Романија, но поради пандемијата беше одлучено поинаку.

Целосен работен капацитет (сите три фази) и вработување на сите 2.100 работници се очекува до крајот на октомври 2021 година.