Колку улоги и да им смени на неговите соработници, грчкиот премиер Алексис Ципрас е одговорен за ситуацијата во земјата, изјави портпаролката на Нова демократија, Марија Спираки во врска со шпекулациите за можна реконструкција во грчката Влада.
– Колку улоги и да им смени на неговите соработници, одворноста за ситуацијата во земјата е само негова. И бидејќи не може да си се замени самиот, решението ќе го дадат Грците. Ципрас ќе си оди по изборите, кои треба да се одржат колку што е можно побзо, истакна Спираки.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, таа нагласи дека Грција не може повеќе да биде во рацете на „едно циночно друштво, кое го интересира само останувањето на власт“.