Регион 20. август 2018. / 19:16

Нов пожар во Грција, ангажирани и канадери

Нов пожар во Грција, ангажирани и канадери

Во западниот дел на Пелопонез, избувна шумски пожар, кој во еден момен станал закана за жителите на селата во областа Амалијада.

Пожарот го гасат 80 пожарникари, а биле ангажирани три канадери и исто толку хеликоптери. Засега нема извештаи за штети или повредени.

Според агенцијата АП, пожарот избувнал во близина на градот Дафниотис.

Американската новинска агенција пренесува дека најголемиот дел од пожарите избувнуваат поради невнимание и дека полицијата денеска уапсила грчки пар кој ненамерно предизвикал пожар на Крит.

Во шумските пожари кои минатиот месец ги опустошија одморалиштата на Атика, загинаа 96 лица. Во тек е истрага за причините за пожарот чија цел меѓудругото е да утврди и дали властите соодветно реагирале во оваа катастрофа, која е најсмртоносна во Грција во последните децении.