Регион 19. јуни 2020. / 11:42

Нов државен празник во Словенија, Ден на спортот

Нов државен празник во Словенија, Ден на спортот

Словенечкото Собрание изгласа Закон со кој 23 септември ќе се одбележува како Ден на спорот и ќе претставува нов државен празник.

Овој празник се изгласа по минатогодишната иницијатива на Олимпискиот комитет на Словенија, а целта е да се потенцира важноста на спортот и физичкото образование за граѓаните.

Дел од пратениците првично предложија 5 февруари како датум кога ќе се празнува Денот на спортот, но подоцна беше договорено и изгласано тоа да биде 23 септември. Датумот е одбран бидејќи на тој ден 2000 година за прв пат се интонираше словенечката химна на едни олимписки игри, откако веслачкото дуо Изток Шоп и Лука Шпик освоија златен медал.