Регион 14. May 2019. / 23:11

Невремето донесе снег во БиХ

Невремето донесе снег во БиХ

Обилните дождови во текот на ноќта ја влошија ситуаицјата со поплавите во некои општини во Босна и Херцеговина. Денеска во Дрвар, Сански мост, Грмеч…вее и снег.

Вонредна сосотјба е прогласена во Бања Лука, Теслиќ и Добри Југ. Многу куќи, деловни објкети, училишта се под вода. Оштетение се и многу мостови и автомобили.

Во делови од општините нема електрична енергија и вода. Причинетата материјална штета доправа ќе се утврдува. Изминатите денови ,поројните дождови и силниот ветер направија голем проблеми и во делови на Хрватска. Таму сѐ уште расте водостојот на реките Корана во Карловац и Уна.

Од утрово врне и во Србија. Надлежните служби се на готовс за одбрана од поплави. Нема потреба од страв деке ќе се повтори катастрофата од 2014 година смируваат хидролозите.

Метеоролозите очекуваат невремето во Србија да потрае до крајот на неделава.