Регион 25. септември 2018. / 10:00

Невреме во Србија: Силниот ветер направи хаос (ФОТО)

Невреме во Србија: Силниот ветер направи хаос (ФОТО)

Студениот бран кој го зафати Балканот, вчера предизвика силно невреме во Србија.

Како што раскажале минувачите за српските медиуми, силен ветер открнал дрво од улицата во Белград и истото удрило во бандера, која се срушила.

За среќа никој не е повреден.

Ова е воедно предупредување за сите оние кои ќе се најдат на улица среде бура.

Силен ветер вчера беснееше и во Македонија, а температурите значително опаднаа.