Во ноември мината година, невработеноста во Грција се намалила за 2,1 отсто, во споредба со истиот период во 2108, односно од 18,6 проценти паднала на 16,5 отсто, покажуваат податоците на грчката статистичка служба.
За конкретниот период, особено висок е бројот на невработени лица на возраст до 24 години. Во ноември 2019 регистрирани биле 36,1 проценти до ова возраст, што е за 3,6 отсто помалку од истиот период во 2018 година.
Коментирајќи ги податоците, министерот за труд на Грција, Јанис Вруцис, изјави дека нивните напори донеле плод.
– Мораме новите податоци да ги читаме реално, претпазливо и смирено, но и со оптимизам. Податоците од Статистичката служба покажуваат постојан пад на невработеноста од јули 2019 година, покажувајќи дека нашите напори даваат плод. Владата продолжува со уште поголема сила за натамошно намалување на невработеноста, зајакнување на вработеноста и поддршка на новиот курс за раст на грчката економија – истакна Вруцис.