Регион 16. септември 2018. / 20:25

Невиден монструм: Ја убил и со денови ја јадел сопствената мајка (ВИДЕО)

Невиден монструм: Ја убил и со денови ја јадел сопствената мајка (ВИДЕО)

Полициските истражни органи доживеале најстрашни сцени од хорор филм , додека ги откопувале остатоците од телото на 60 годишната Насиха Велиќ , чиј син ја убил и ја јадел.

Сабахудин од Босанска Крупа го извршил најужасното можно злосторство . Си ја убил мајка си , и го преполовил телото и потоа со денови ја јадел .

33 – годишниот човекојадец вчера заминал од селото и со автомобил дошол во полициската станица во сараево , каде признал што направил. Тој ладнокрвно и без многу емоции раскажал дека ја убил мајка си со секира , а потоа десетина дена сечел од нејзиното тело и го јадел

Остатокот од телото го распарчил , го запалил и го закопал на различни места околу куќата. Кога го прашале полицајците зошто го направил тоа , одговорил дека бил под дејство на црна магија и дека непознати суштества му рекле така да постапи.

Убиецот е предаден на психијатриско вештачење , додека околу куќата со багери се бараат остатоци од телото на несреќната жена.