Регион 20. јули 2019. / 12:54

Неверојатен пресврт: Србин пријавил бомба во авион оти се заљубил во стујардесата

Неверојатен пресврт: Србин пријавил бомба во авион оти се заљубил во стујардесата

Зоран (65) признал дека пред два дена упатил лажна дојава дека е подметната бомба во авионот на Луфтханза, кој од Белград требало да лета за Франкфурт.

Тоа го сторил зашто, како што рекол, му се допаднала стјуардеса која работела на тој лет.

Зоран, кому му е одредена мерка притвор, во средата од станот на својот пријател упатил лажна дојава. На товар сега му се става кривично дело предизвикување паника и хаос.

Според одбраната на осомничениот тој на Ада запознал две стјуардеси на Луфтханза и ги поканил на вечера. Посебно му се допаднала црнката, но тие не се согласиле со предлогот.

Бидејќи девојката која му се допаднала не ја нашол ни во хотелот, се јавил на аеродромот и пријавил бомба за да ја задржи „саканата“ и да не и дозволи да си замине.

Заради оваа дојава биле евакуирани 130 патници и пет членови на екипажот.