Регион 12. ноември 2018. / 09:38

Несреќа во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат, десетици повредени

Несреќа во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат, десетици повредени

Утринава околу 8 часот во центарот на Белград се слуши несреќа кога трамвајот број 7 излета од шини и се заби во зграда, при што загина пешак кој во тој миг поминувал на тротоарот пред зградата, а повредени се и десетици патници од трамвајот.

Според медиумите оваа неверојатна несреќа се случила кога автомобил дачија логан минал на црвено на семафор и удрил во предниот дел на трамвајот, од силината на ударот трамвајот излетал од шините удрил во дрво и на тротоарот закачил пешак пред да заврши во ѕидот на зградата.