Нема позитивни примероци на корона вирус во Бугарија, соопшти генералот Венцислав Мутафчииски, началник на воено-медицинската академија во Софија.
Според последните податоци од шест часот утринава, 99 потенцијални пациенти се терстирани од корона вирус во Бугарија и сите се негативни, соопшти Мутафчииски.
Во светот со корона вирус се заразени 102.000 лица, со 3.500 смртни случаи. Во Србија е објавен првиот случај, а во Италија има 4.600 случаи. Во Германија и Франција 700 заразени.