Регион 12. јули 2018. / 12:49

Нема покана за членство во НАТО за БиХ

Нема покана за членство во НАТО за БиХ

Генерални секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред денешниот самит на НАТО во Брисел објави дека Алијансата овој пат нема да ja покани Босна и Херцеговина да биде членка на НАТО.

„Босна и Херцеговина е наш партнер и тоа многу важен партнер. Не очекувам земјите членки на овој самит да разговараат за активирање на Акциски план за членство за Босна и Херцеговина. Исто така, не можам да ви кажам кога таа расправа ќе се најде на нашиот дневен ред“, рече Столтенберг.