Лидерот на најголемата албанска опизициска партија,Демократската, Љуљзим Баша отфрли било каков договор со владејачките социјалисти и формирање заедничка власт.
Тој,како и Моника,Круемади, претседателка на третата по големина политичка партија во земјата, Движењето за социјалистичка интеграција, најавија дека на локални избори што ќе се одржат во јуни следната година ќе настапат со заеднички кандидатски листи.
– Не е никава тајна дека обединетата опозиција на локалните избори ќе настапи со заеднички кандидатски листи.Тоа е резултат на волјата на двете партии. Обединета опозицијата ќе се соочи со сите предизвици. Еден од тие предизвици се и локалните избори, изјави Баша на денешната прес конференција.
На новинарско прашање тој категорично офрли било каква можност за заедничко владење со социјалистичката партија.
-Не сакам никаква заедничка власт со Еди Рама,ни најмалку со него,без решение на политичката катастрофа во која се наоѓа земјата,- одговори Баша.
Само неколку дена пред почетокот на работата на Парламентот,по летните одмори,Баша не сакаше да каже какво ќе биде делувањето на опозицијата во законодавниот дом. Рече дека Демократската партија има приоритет и оти за него ќе го искористе „целиот свој арсенал“
– Приоритет број еден е да го ги искинеме врските на криминалот со владата,што ќе рече да имаме премиер и министер за внатрешни работи кои не се поврзани со криминалот. Ќе сториме се со арсеналот со кој располага опозицијата,- изјави Баша.