Регион 30. мај 2018. / 10:10

НАТО ќе го чува црногорското небо

НАТО ќе го чува црногорското небо

Од петти јуни воздушниот простор над Црна Гора ќе го чува НАТО, односно Италија и Грција кои почнуваат од тогаш со воздушни патроли над таа држава.

– Бидејќи Црна Гора нема борбени авиони, сојузниците ќе и помогнат да го обезбеди воздушниот простор, соопштија од НАТО.

Според Алијансата, италијански и грчки авиони ќе бидат и понатаму стационирани во нивните матични држави, и по потреба ќе бидат ангажирани.

„Ер-полисинг“, како што е нагласено од НАТО, не е одговор на која било специфична закана туку е битна компонента што НАТО ја дава како сигурност на своиоте членки, се вели во соопштение од НАТО.