Црна Гора ќе испрати двајца припадници на војската во мисија за обука предводена од НАТО во Ирак.
Предлогот го одобрува Советот за одбрана и безбедност, со кој претседава претседателот Мило Ѓукановиќ, пишува белградска „Политика“..
За Црна Гора, учеството во мисии значи развој на интероперабилност и способност, учење нови знаења и научени лекции кои се применуваат на единици за обука. Во ВЦГ, има околу 24 % припадници кои биле вклучени во некоја мисија, пишува црногорскиот „Вијести“.
Планот за испраќање на трупи, Ѓукановиќ го најавил на минатогодишниот Самит на лидерите на НАТО.