Потпретседателот на Здружението на воени ветерани на ОВК, Насим Харадинај денеска попладне повторно ќе биде приведен пред судија на претходна постапка во Специјалниот суд за Косово со седиште во Хаг за да се изјасни за обвинувањата.
Тој на првото рочиште минатиот 18 декември не се изјасни по обвинението кое задно со претседателот на Здружението, Хисни Гуцати се терети дека во јавност изнесол тајни податоци на Специјалното обвинителство откривајќи го идентитетот на сведоците, со тоа загрозувајќи ги постапките кои се водат против припадници на ОВК.
Официјално, не се изјасни бидејќи немаше време да се консултира со бранителот, кој тој ден и формално му беше доделен.
Меѓутоа, Харадинај тогаш на судијата му рече дека не ја признава надлежноста на тој суд, како ни мандатот на Специјалното обвинителство, кое го смета за одговорно за протекување на податоците, а кои, како што наведе, сака да се оттргне од сопствена вина и му ја префрла на Косово.