Според метеоролозите на планините во БиХ во понеделник ќе падне снег.
Следната недела се очекува зголемена облачност и продор на ладна воздушна маса која ќе биде проследена со дожд и пад на температурите. На врвовите на планините се очекува и снег, пишуваат босанските медиуми.
Пад на температурите од наредната недела се очекува и кај нас, а појава на снег на високите планини сеуште не се најавува.