На новоотворениот дел од автопатот низ Грделичката клисура за време на викендот започна наплатата на патарините, иако првично беше најавено дека плаќањето ќе биде воведено дури од 1 јули, пренесе Слободен печат.
На релација од Белград кон македонската граница, возачите патарина плаќаа три пати: кај Ниш (800 динари), пред Лесковац (210) и од декември 2016 кај Прешево (80) – вкупно 1.090 динари.
Досега вкупно патарините од Белград до Прешево изнесуваа 1.090 динари, но сега системот пресметува различно, па рутата се дели на два дела: патот до Ниш е една делница, а другата е низ Грделичката клисура.
Сега првиот дел за патарините се смета од Белград до Ниш и изнесува 800 динари за автомобилите. Вториот дела од патарините е од пред Лесковац до Прешево и изнесува 540 за автомобили. Според ова возачите за патарини ќе плаќаат 250 динари повеќе во еден правец.