Регион 04. јануари 2019. / 10:51

Напишани се рачно, а доаѓаат од Хрватска, Албанија и Косово: Дачиќ добива закани по живот

Напишани се рачно, а доаѓаат од Хрватска, Албанија и Косово: Дачиќ добива закани по живот

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ добива аноними писма со заканувачка содржина, пишува „Курир“.

Како што наведува изворот на весникот, заканите упатени кон Дачиќ, како и кон неговото семејство, пристигнуваат неколку пати месечно, а напишани се рачно.

Најчести се заканите од Хрватска, Албанија и Косово, наведува соговорникот на „Курир“ и додава дека исти лица ги исрпаќаат повеќе пати.

Според него, протоколот е таков што за секоја закана мора да се пријави во полиција и во Безбедносно информативната агенција (БИА).

Дачиќ за „Курир“ изјави дека долго време се занимава со политика при што се навикнал на закани и оти не го интересираат.