Регион 25. декември 2019. / 18:45

Напад врз канцелариите на Нова демократија во западниот дел на Атина

Напад врз канцелариите на Нова демократија во западниот дел на Атина

Непознати лица предизвикале материјална штета и уништиле храна собрана од волонтери како помош за две невладини организации, во напад на канцелариите на Нова демократија во западниот дел на Атина.

Од партијата коментираат дека дури и во пресрет на Божиќ, некои луѓе не можат да ја скријат нивната омраза.

– Не е само дека предизвикаа голема материјална штета. Овој пат нивната омраза ја насочија кон нашите сограѓани, бидејќи уништија храна собирана од волонтери наменета за „Насмевката на детето“ и Фондацијата Христодулио. Веруваме во светите денови и им посакуваме и нив, како и на сите, честит Божиќ – пишува во соопштението од Нова демократија