Регион 06. февруари 2019. / 21:05

Најмалку едно лице загина откако се сруши зграда во Истанбул

Најмалку едно лице загина откако се сруши зграда во Истанбул

Најмалку едно лице загина откако се сруши зграда во најголемиот турски град Истанбул. Притоа, четири лица се повредени, а засега нема информации дали уште некој има под урнатините на зградата.

Во зградата живееле 12 семејства. Неофицијално зградата се срушила поради експлозија.