Регион 16. јануари 2019. / 09:11

Најмалку 40 уапсени во акција на српската полиција против криминални групи

Најмалку 40 уапсени во акција на српската полиција против криминални групи

Најмалку 40 лица се уапсени во акција на српската полиција во реоните на градовите Крагуевац и Аранѓеловац, против, како што наведоа полициски извори, „организирани криминални групи и кланови“.

При акцијата се извршени претреси на 20-тина домови, при што се запленти „големо количество наркотици“, огнено оружје, муниција и панцири.

Уапсените се осомничени за трговија со наркотици и оружје, за изнуди и за измами.

Според српската државна телевизија РТС, станува збор за акција против три криминални групи, од кои две од Крагуевац и една од Аранѓеловац.