Регион 13. април 2020. / 14:10

Најмалку 12 позитивни во дом за стари лица во Атина

Најмалку 12 позитивни во дом за стари лица во Атина

Дом за стари лица во областа Неа Макри во источниот дел на регионот Атика, е ставен во карантин по наредба на заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас откако било потврдено присуство на Ковид-19. Најмалку десет лица сместени во домот и двајца вработени се позитивни на корона вирусот.

Од Генералниот секретаријат за цивилна заштита соопштија дека одлуката за ставање на Домот за стари лица во карантин е донесена по добиените резултати од 122 анализирани примероци.

Откако претходно бил потврден еден позитивен случај, претставници од Националната организација за јавно здравје на Грција извршиле проверка на сите вработени и сите сместени лица во домот.