Регион 26. јуни 2020. / 12:00

Нагло влошување на состојбата во Србија: Можно повторно затворање на ноќните клубови

Нагло влошување на состојбата во Србија: Можно повторно затворање на ноќните клубови

Српскиот епидемиолог и член на државнит кризен штаб, Предраг Кон, информира дека ситуацијата со ширењето на корона вирусот во земјата се влошува, а дека во Белград е веќе високо алрмантна.

Се тестираат се повеќе луѓе. Има заболени во студенските домови, а последниот податок е дека 91 се позитивни, веројатно и тоа се менува“, вели Кон.

Епидемиологот наведува дека повеќето од заразените не знаат каде се заразиле.

Не се гледаат знаци дека ќе има брзо подобрување. Пред нас се случувања во кои може да дојде до влошување на инфекцијата, како што се приемните испити на факултетите, матурски и свадби – вели епидемиологот.

Како место за интензивно ширење на заразата, Кон ги наведува ноќните клубови, поради што најави дека се размислува за прекин на работата на таквите објекти.

Подобро е тие мерки да се донесат што поскоро отколку да се чека да се влоши ситуацијата – предупредува Кон.