Регион 17. февруари 2021. / 19:30

Над милион граѓани се вакцинираа во Србија

Над милион граѓани се вакцинираа во Србија

Србија денес официјално ја надмина бројката од милион вакцинации против Ковид-19.

Досега вкупно во таа земја се вакцинирани вкупно 1.002.949 лица.

Вкупниот број на ревакцинирани е 356.010

Во Србија од 19 јануари се спроведува масовно вакцинирање.

Граѓаните имаат можност да одберат дали ќе се вакцинираат со Фајзер, Синофарм или Спутник вакцина, пишува „Б92“.