Регион 08. септември 2018. / 10:42

Над 4000 полицајци во Солун: За денеска најавени масовни протести

Над 4000 полицајци во Солун: За денеска најавени масовни протести

Повеќе од 4 000 полицајци се присутни во Солун, каде денеска се најавени протести против мерките за штедење. Премиерот Алексис Ципрас ќе ја објави својата нова економска платформа по долг период на странска помош која ја добиваше Грција.

Протестите беа планирани пред Меѓународниот саем, каде што Ципрас ќе се сретне со делегација на американски бизнисмени предводени од министерот Вилбур Рос.