Регион 12. ноември 2019. / 13:17

Над 300 мигранти префрлени од Лезбос во Атина

Над 300 мигранти префрлени од Лезбос во Атина

Во атинското пристаниште Пиреас пристигнаа 367 беглаци и мигранти од островот Лезбос, кои дополнително со автобуси ќе бидат распределени во прифатни центри низ Грција.

Претпладнево, се очекува да стигнат уште 20 бегалци и мигранти од островот Кос.

Префрлањето на барателите на азил од островите во делови на Грција е во рамките на политиката на грчката Влада за справување со проблемот со пренатрупаност во прифатните центри на островите.