Регион 23. март 2020. / 14:08

Над 11.000 Турци ставени во карантин, откако се вратиле од странство

Над 11.000 Турци  ставени во карантин, откако се вратиле од странство

Повеќе од 11.000 турски државјани се ставени во карантин во хостели во земјата по враќање од странство, изјави министерот за млади и спорт Мехмет Мухарем Касапоглу, цитиран од турската приватна телевизија НТВ.

Тој додаде дека вкупно 11.269 лица вратени во Турција се сместени во 36 објекти во 23 окрузи во земјата.

Бројот на смртни случаи пријавени во Турција од Ковид-19 е веќе 30, а бројот на потврдени случаи достигна 1.236 лица, објави синоќа Министерството за здравство.