Регион 07. февруари 2019. / 18:37

Нацрт законот за Протоколот за членство во НАТО доби зелено светло во грчкиот парламент

Нацрт законот за Протоколот за членство во НАТО доби зелено светло во грчкиот парламент

Како што произлегува од расправата и од ставовите на членовите на Комисијата, нацрт законот од Министерството за надворешни работи „Ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија“, е прифатен првично, во целост и од мнозинството, рече претседателот на Комисијата за национална безбедност и надворешни прашања на грчкиот Парламент, Константинос Дузинас, на крајот од пет и пол часовната расправа, јави МИА од Атина.

Откако надлежната Комисија даде зелено светло, за нацрт законот, на пленарна седница, утре ќе дискутираат пратениците, а расправата ќе заврши со гласање.

За да се изгласа Протоколот за членство во НАТО, потребен е минимум 151 глас.