Регион 02. март 2020. / 09:41

На грчките острови пристигнале околу 1.000 бегалци и мигранти

На грчките острови пристигнале околу 1.000 бегалци и мигранти

Во изминатите 24 часа на грчките острови пристигнале околу 1.000 бегалци и мигранти во над 25 различни случаи, а за дел била потребна интервенција на грчката крајбрежна служба за спасување на лица, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Според истите информации, најголем број бегалци и мигранти пристигнале на Лезбос, вкупно 512 во 11 одвоени случаи.

На Хиос стигнале 295 лица, 128 на Самос и 85 на помалите грчки острови во близина на турското крајбрежје.