Регион 13. август 2018. / 11:56

На грчкиот остров Евија прогласена вонредна состојба, огнот се шири (ВИДЕО)

На грчкиот остров Евија прогласена вонредна состојба, огнот се шири (ВИДЕО)

Локалните власти наредија масовна евакуација на грчкиот остров Евија, поради ширењето на шумскиот пожар што изби вчера, а прогласена е и вонредна состојба.

Веќе се евакуирани две села и манастир.

Главниот пат од 180 километри што води кон островот е стопиран за сообраќај во областа што е во близина на пожарот, соопшти полицијата која ги повика луѓето да ги користат траектите за од островот да дојдат до Атина. Траектите ќе сообраќајот и во текот на целата ноќ, пренесе „АП“.

Противпожарникарната бригада соопшти дека жителите на селата Контодеспоти и Ставрос во централните делови на Евија, околу 70 километри од Атина се евакуирани.

„Огнот зафати големо подрачје“, изјави претставник на општината во која припаѓаат двете села. Пожарот, како што вели, зафатил борова шума и се движи кон Псахни. Тој додаде дека огнот се шири поради силниот ветер.

 

Пожарот го гасат 62 пожарникари со 28 возила, а во секое време се очекува да стигне и засилување од централна Грција.

 

Во пожарите што минатиот месец го зафатија селото Мати, недалеку од Атина настрадаа 94 лица, по што премиерот Алексис Ципрас ги промени министерот за цивилна заштита и раководителите на противпожарната бригата и полицијата.