Регион 17. февруари 2021. / 19:56

(ВИДЕО) На аеродромот во Подгорица слета авион со вакцини од Србија

(ВИДЕО) На аеродромот во Подгорица слета авион со вакцини од Србија

На аеродромот во Подгорица слета авионот на Владата на Србија со кој беа пренесени руските вакцини Спутник Ве кои Србија ги донира на Црна Гора.

Станува збор за 4000 дози од вакцината, од кои половината ќе пристигнат набрзо, најави премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, и се наменети за ревакцинација.

– Количина вакцини не делува дека е голема, но е доволна да се вакцинираат здравствените работници во црвените ковид-зони или возрасното население, онака како ќе одлучат надлежните во Црна Гора, изјави Брнабиќ.

Премиерот на Црна Гора вечерва изјави дека вакцините кои Србија ги донира на земјата е доказ за големата почит која Србија ја искажува кон Црна Гора и изрази надеж дека ова ќе биде нов почеток за развој на мешусебните односи.

-Се надевам дека ова ќе биде нов почеток за развој на нашите односи, кои едно време беа во застој. Мораме да ги унапредуваме нашите односи во корист на нашите граѓани, бидејќи тоа е наша обврска, изјави Кривопагиќ на аеродромот во Подгорица.