Регион 15. август 2018. / 20:46

На 27 Август премиерите од регионов на гости кај Еди Рама во Драч

На 27 Август премиерите од регионов на гости кај Еди Рама во Драч

Во албанскиот пристаништен град Драч, на 27 август, премиерите на земјите од регионов ќе имаат заедничка средба. Домаќинот, албанскиот премиер Еди Рама, колегите од Македонија, Црна Гора, Бугарија,Грција, Хрватска,Косово и Србија, ќе ги пречека во владината вила.

На средбата ќе присуствуваат и високи претставници на Европската унија, а главна тема на средбата ќе биде расправата за подготовка на заеднички регионални проекти поттикнати од берлинскиот процес.

Средбата ќе биде со идентичен формат,како и првата средба одржана исто така во Драч на 26 август минатата година, а на која присуствуваше и македонскиот премиер Зоран Заев.