Од почетокот на епидемијата, во периодот од 14 март до 31 мај во Ваљево, Србија имало потврдени 196 сличаи, но само во последните 19 дена тој број се искачил на 319 заразени.
Според извештајот на Заводот за јавно здравје, најголемиот број на новозаразени лица во градот доаѓа од заразени членови на еден музички бенд. Досега е потврдено дека свирејќи на разлиќни масовни приватни прослави, бендот заразил најмалку 25 лица.
Исто така, заразени се и четири лица што на слични прослави работеле како фотографи.
Во извештајот се додава дека просечната старост на заразение е 39 години, а српските епидемиолози веќе предупредија дека старосната структура на заразените со Ковид-19 се менува.