Во шума во Србија било пронајдено безживотно тело на 60-годишен маж. Тој бил во полуседечка положба, а долните екстремитети му биле врзани за дрво.
Се уште не е познато дали на телото имало било какви повреди.
На местото е направен увид, а телото е однесено на обдукција каде ќе биде утврдена причината за смртта, како и идентитетот на човекот, пренесува српски „Курир”.
Истрагата е во тек.