Главниот град на Србија, Белград вчера беше погоден од силно невреме.
На левата страна од крајбрежјето на Дунав и во центарот на градот паѓал и град со големина на лешник.
Републичкиот хидрометеоролошки завод издал портокалово предупредување, со напомена дека во Белград се очекуваат локални дождови и грмотевици.
Во прилог погледнете го видеото од невремето.