Седумгодишно момче загинало синоќа во населбата Скробара кај Панчево. Се сомнева дека причина за смртта е удар од гром.
Невремето проследено со силен дожд, ветер и грмотевици вчера погоди делови на Србија.
Од удар на гром, како што се претпоставува синоќа настрадало седумгодишно момче на патот за Црепаја.
Наложено е да се изврши обдукција.