Регион 16. април 2018. / 17:03

Мистеријата за падот на авионот во Србија неразрешена- тешко ќе се утврди зошто се срушил

Мистеријата за падот на авионот во Србија неразрешена- тешко ќе се утврди зошто се срушил

Причината за падот на авионот „супергалеб Г-4“, кој во средата се сруши во Ковачице, кога еден од политотите загина, тешко ќе биде утврдена, без оглед на исказот на преживеаниот пилот Александар Матиќ, смета пензионираниот генерал Срето Малиновиќ.

Тој вели дека фактот што еден од пилотите н го преживеал капитулирањето треба да биде еден од правците за истрага.

„До трагедијата можело да дојде поради повеќе околности, најпрво поради недостиг на време, но и падот на земјата по капитулирањето“, смета Малиновиќ.

„Симптоматични ми се повредите, верувам дека и падобранот на загинатиот пилот не бил во целост отворен, како и дека двајцата веројатно биле во бесознание. Верувам дека биле доведени до некој услов во кој командите не реагирале. Ние имаме филозофија да направиме сѐ за да го спасиме авионот, тоа доаѓа во секунда во која сите размислуваме и реагираме со различна брзина која живот значи“, рекол Малиновиќ.