„Логорашите, оние кои беа затворени во српските концентрациони логори во Хрватска и надвор од Хрватска, значи во Србија, имаат право на отштета и врз основа на меѓународното право, но, исто така, и врз основа на српската преговарачка рамка за пристапување кон Европската Унија”, рече Ковач на прославата на Денот на логорашите во Книн.
Тој додаде дека затворениците поднеле голема жртва за слободата на Хрватска и дека треба максимално да се поддржат во нивните барања за отштета.
„Тие поднесоа голема жртва за слободата на Хрватска, но не само за слободата на Хрватска туку и за победата над злото, а тоа беше големосрпскиот Милошевиќев режим, кој беше фашизам, и Хрватска тој фашизам, кој е универзално зло, го порази”, порача Ковач.