Косовскиот министер за правда, Абелар Тахири, ја објави својата оставка до премиерот Рамуш Харадинај бидејќи, како што се наведува, тој е незадоволен од функционирањето на судскиот систем.
РТВ Дукаѓини објави дека Тахири денеска поднесе оставка до Харадинај.
Тахири е незадоволен од функционирањето на судскиот систем, а особено од бројните политички влијанија во последните два месеца, пренесува порталот Телеграфи.