Хрватската министерка Габриела Жалац на девојчето што во саботата го удри со автомобил во Винковци и која имала невалидна возачка дозвола му подари бројници.
Бројниците ѝ го подари при излегувањето од болницата, каде што ја посети, според „Јутарњи лист“.
Жалац удри во детето во саботата околу 10 часот наутро и иако првично полиција соопшти дека девојчето го преминувало патот надвор од обележениот пешачки премин, многу бргу се откри дека во близина и не постои пешачки премин.
Подарувајќи ги бројниците, на министерката не ѝ е првпат вниманието од несреќата и од сопствената одговорност – со оглед на тоа што со невалидна возачка дозвола таа воопшто не требало да седне зад воланот на автомобилот – да го сврти кон верските води.
Во својата прва реакција на несреќата Жалац му се заблагодари на драгиот Бог дека нејзината мала сосетка закрепнува.
Вчера, таа со солзи во очите, призна дека нејзината возачка дозвола не е валидна од јуни 2016 година и дека вози само за време на викендите, но лесно може да се пресмета дека, откако ѝ е истечена дозволата, тоа се 137 викенди. Таа исто така низ солзи рече дека му понудила оставка на премиерот Пленковиќ, но не и дека ја поднела.
Подоцна Пленковиќ рече дека ја одбива оставката на Жалац и дека таа останува министерка.