Двесет и пет годишниот Милош Вукомановиќ од Србија настрадал синоќа во Бечичи кога на него и неговата вереница, 24-годишната Снежана Рудинац, исто така од Србија, влетал автомобил додека преминувале улица.
Како што пренесуваат поедини црногорски медиуми, Снежана наводно е тешко повредена и во животна опасност.
Возило со бувански регистерски ознаки, управувано од 23-годишниот Е.А. 44 минути после полноќ ги прегазило двајцата пешаци од Србија.