Регион 16. април 2020. / 13:35

Mигрантите во Србија остануваат во карантин до крајот на епидемијата

Mигрантите во Србија остануваат во карантин до крајот на епидемијата

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин за време на посетата на Прифатниот центар за мигранти во Обреновац, изјави дека српската армија ги обезбедува сите кампови и води сметка никој да не ги напушти.

Mинистерството соопшти дека за сите мигранти е воспоставен 24-часовен карантин сè додека не помине заканата од епидемијата.

-Овде ќе бидат сместени мигрантите и тоа е помош на мигрантите, но пред сè и најважно, тоа е помош за сите граѓани на Србија. Доколку не беа сместени тука, доколку немаат соодветни услови, тие ќе беа на улиците на нашите градови, претставувајќи безбедносен и здравствен ризик за граѓанинте. На овој начин им дозволуваме слободно да го поминуваат своето време, но и ние да бидеме заштитени на секој начин и ниеден српски граѓанин да не биде здравствено или безбедносно загрозен, кажа Вулин.

Комесарот за бегалци и миграција на Србија, Владимир Цуциќ, изјави дека „е задоволен од фактот што од 8.800 луѓе колку се нааоѓаат во центрите.

Засега никој не покажува симптоми и нема никаков проблем, што е индикација за сите мерки што се превземени од крајот на февруари, со што практично први во Србија се изолиравме“, кажа Цуциќ.