Регион 07. мај 2018. / 16:14

Мигранти се степаа во Солун

Мигранти се степаа во Солун

Шест лица се повредени, а четири се уапсени во тепачка што се случила во мигрантски камп во Солун, соопшти грчката полиција.

До тепачката дошло синоќа во кампот Лагадикија и во неа учествувале 250 мигранти од Сирија и Алжир.

Според наводите на сириските мигранти, група Алжирци вознемирувала една Сиријка, а тепачката набрзо се проширила низ целиот камп.

Учесниците на тепачката користеле ножеви и даски.

Зголемениот прилив на мигранти и бегалци од Турција на североисточниот брег на Грција, предизвика пренаселеност во камповите на северот во Грција.